Завршија изборите во Каталонија – сепаратистите со мнозинство според излезните анкети


Заврши гласањето на вонредните парламентарни избори во Каталонија, а според првите излезни анкети, партиите кои заговараат независност на регионот најверојатно ќе извојуваат победа.

Сепаратистичките партии ќе освојат меѓу 67 и 71 место во Парламентот со 135 столчиња, покажува анкетата објавена во весникот „Вангардија“.

Првите официјални прелиминарни резултати се очекуваат после 21 часот според средноевропско време, а конечните после полноќ