Жерновски нов заменик-министер за надворешни работи


Поранешниот градоначалник на скопската општина Центар, Андреј Жерновски, ќе биде новиот заменик-министер за надворешни работи, дознава Телма.

Жерновски беше пратеник девет години во три мандати, се до 2013-та година, кога стана градоначалник. На локалните избори минатата година се откажа од повторна кандидатура и премина од ЛДП во СДСМ, изјавувајќи дека ќе стапи на висока позиција во владата, што и се случува со актуелната владина реконструкција.