Женевиев Дариесек: „Нон-пејпер“ е работен документ без официјална важност


Женевиев Дариесек, државен секретар во Министерството за вооружени сили на Република Франција рече дека „нон-пејперот“ е работен документ кој нема официјална важност.

Таа ова го кажа како одговор на новинарско прашање денеска во Битола на заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Да се зборува за еден работен документ што нема никаква официјална важност, а знам дека во последно време се пишуваше низ медиумите за него, е навистина нешто што допрва ќе треба да се разгледува и затоа треба кон крајот на месец јуни да размислиме за стигнување до вашата конечна цел. Знам дека беше направена огромна работа, ви престои уште, и свесни сме за напредокот што го постигна државата – рече Дариесек.