ЕУ ќе воведе санкции кон двајцата руски агенти осомничени за труењето на Скрипал
Одлуката се очекува да биде формално одобрена в понеделник на заседанието на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ.
Амбасадорите на ЕУ вчера, без дебата, дадоа согласност во име на нивните држави, за воведување рестриктивни мерки кон девет лица и еден ентитет поради употреба на хемиско оружје, .
Меѓу овие девет лица се наоѓаат и Боширов и Петров, агенти на руската воено-разузнавачка служба ГРУ, кои Велика Британија ги сомничи за труењето на Скрипал и ќерка му на 4 март минатата година во британскиот град Солсбери.
Според дипломатите во Брисел, меѓу санкционираните се и петмина Сиријци, а ентитетот исто така е сириски.
Пред да стапат во сила, овие одлуки треба формално да бидат одобрени в понеделник на министерско ниво.
Фото: Б. Грданоски