Единаесет лица повредени во сообраќајката кај Гостивар
Единаесет лица се медицински згрижени во гостиварската општа болница по сообраќајната несреќа што се случи на магистралата Гостивар – Кичево. По речиси двочасивниот прекин, сообраќајот повторно се одвива непречено во двете насоки.
Според првичните наоди од извршениот увид, во сообраќајната несреќа која се счучи околу 14:00 часот, во близина на отворените каменоломи, се судриле минибус и два патнички автомобила.
Едно лице како итен случај е префрлено на скопските клиники.
Карактерот на повредите на повеќето лица се утврдува. Полицијата работи на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.