Дуа Липа за детството во Косово: Во Приштина се чувствував побезбедно отколку во Лондон
Англија- Дуа Липа моментално е една од најпопуларните поп-пејачки во светот. Нејзиниот минатогодишен хит „New rules“ одлична поминува и денес, а беше наградена и за нејзиниот прв албум „Dua Lipa“.
Скромната, шармантна и убава пејачка, честопати во своите интервјуа се сеќава на периодот кога живеела во Приштина, од каде што и потекнува.
Иако е родена во Лондон, родителите на Дуа сонувале да се вратат во Косово, што и го направиле кога српската провинција прогласи независност. Дуа тогаш имала само 11 години.
„Отидов на училиште. Го знаев јазикот, но не знаев добро да пишувам. Се дружев со децата на пријателите на моите родители кои имале сличен животен пат како мојот“, изјави Дуа.
На периодот на живот во Приштина се сеќава по големите напори да се приспособи на новото општество, и честопати била осамена.
Сепак, таа признава дека Приштина ѝ дала некои работи што нејзиниот роден град Лондон не можел.
„Се чувствував побезбедно отколку во Лондон. Можев да излезам со пријателите во град”, призна таа неодамна.
Дуа истакнува дека нејзиниот омилен концерт е оној што го одржала во 2016 година во главниот град на Косово.
„Имав турнеја и настапував во цела Европа и мислев дека треба да настапам во земјата каде што се моите корени“, рече пејачката.
За да ја оствари својата желба да настапи во Приштина, ѝ помогнал татко ѝ Дукаѓин, кој е рок-музичар. Концертот бил успешен, десетици илјади луѓе дошле да ја слушнат Дуа, а исто така била примена од страна на политичките претставници на Косово.