Детали за убиството во Чаир: 11 куршуми испукани кон убиениот
Вчеравечер во 22:26 часот во Единицата за информации и команда било пријавено дека на ул.Лазо Трповски, имало пукотници на улица и имало повредено лице.
По дознавање за настанот, од страна на полициски екипи од СВР Скопје е излезено на лице место. Утврдено е дека настанот се случил во 22:20 часот во непосредна близина на чајџилницата „Диселдорф“, И.А. (37) од с.Блаце, Скопје починал на лице место, а повреден е Ќ.Л. (52). од Скопје.
Споре динформациите на полицијата, пред настанот, И.А. и Ќ.Л. биле во чајџилницата „Диселдорф“ и кога излегле од таму влегле во возило марка Пасат, кое било паркирано во непосредна близина на чајџилницата, а е сопственост на М.С..
И.А. седнал на возачкото место, а Ќ.Л. на совозачкото. Откако го стартувале возилото и се придвижиле во насока од ул.Лазар Трповски во правец кон ул.„Втора Македонска Бригада“, од непосредна близина од страната на возачот (сега починатиот) непознат сторител со употреба на огнено оружје испукал повеќе куршуми во правец на возилотo, при што со неколку куршуми смртно го застрелал И.А., а со еден куршум го ранил Ќ.Л. во левото рамо, по што сторителот избегал.
Повредениот Ќ.Л. е пренесен во Ургентен Центар при Клинички центар „Мајка Тереза“.
Увидот е извршен од страна на ЕУМНА при СВР Скопје во присуство на дежурниот јавен обвинител. Од лице место подигнати се 11 чаури и предметното возило за крим техничка обработка и истите ќе бидат предмет на вештачење, додека од починатиот одземени се мобилни телефонски апарати, облеката и други лични предмети, земена е парафинска ракавица и истите ќе бидат предмет на вештачење.
Телото на починатиот по наредба на дежурен јавен обвинител е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина. Во соработка со Основното јавно обвинителство се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.