Делчевец изгреба „Златна треска“ вредна 100 илјади денари
Делчевци повторно ја пронајдоа среќата во грепките на Лотарија на Македонија. По двете добивки изгребани во играта „Дијамант“, што беа вредни 600 илјади денари, делчевецот Мустафа е новото среќно лице кој изгреба грепка „Златна треска“ вредна 100 илјади денари. Грепката е купена на едно од најсреќните уплатни места „ВЕРА НБ“ пред чиј киоск и денеска делчевчани купуваа грепки и бараа уште поголеми добивки што ќе им ги продолжат празниците.
Делчевецот Амет Реџепов, кој денеска купи лоз, рече дека игри на среќа игра исклучиво за забава.
-Најчесто купувам грепки, исто така, тука играм и Лото. Досега имам добиено ситни добивки, еве сега ми се паднаа 50 денари. Јас сум од оние за кои важи старото правило дека „гром во коприва не удира“, но сепак играм за забава, се пошегува Реџепов.
Диспечерката Вера Тричковска потврди дека грепката „Златна треска“, на делчевецот Мустафа му донела добивка вредна 100 илјади денари.
-Мора да констатираме уште еднаш дека ова е најсреќното уплатно место во Македонија. Вчера овде се падна добивка вредна 100 илјади денари, а ден претходно на грепката „Патувај уживај“ беа „изгребани“ 20 илјади денари. За претходно веќе зборувавме дека во два наврати на играчите на среќа на играта „Дијамант“ им се паднаа по 300 илјади денари. Да потсетиме дека во минатото овде се има паднато Џокер вреден три милиони денари, додека минатата година, само овде беше регистрирана добивка во играта 6+1, така што можам да кажам дека навистина станува збор за среќно уплатно место, вели Тричковска.
Како што информираат од Лотарија на Македонија на уплатното место „ВЕРА НБ“ во Делчево дневно се исплаќаат од 30 до 50 илјади денари без разлика дали станува збор за добивки од 50 денари или други добивки. Исплатени средства се по основ на грепки, уплатата на Лото и останатите игри на среќа кои ги приредува Лотарија на Македонија.