Дедо и внук повредени во сообраќајка кај Радовиш


Дедо и внук од радовишкото село Лубница, општина Конче се повредени утрово околу 10 часот во сообраќајна несреќа, што се случи на патот Радовиш-Струмица.

Во возилото биле 21-годишниот внук и неговиот дедо (71). Дедото е задржан во штипската болница, а внукот е префрелен во Клиничкиот центар во Скопје.

Според првичните сознанија нивното возило се превртело и завршило покрај патот.

На местото на несреќата се упатени екипи на полицијата и брзата помош.