Дачиќ го искара украинскиот амбасадор
БУЕНОС АИРЕС – Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, го предупреди денеска украинскиот амбасадор во Белград Олексанар Александрович да “размисли добро“ кога дава изјави порачувајќи му дека не е повикан да дава оценки за надворешната политика на Србија и дека никој никогаш нема да го прими “ако дејствува на ваков начин “.
“Српскиот амбасадор во Украина (Раде Булатовиќ) чека 48 месеци на прием кај министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, па не се жали”, изјави Дачиќ во Буенос Аирес.
Украинскиот амбасадор Олександер Александрович, по враќањето од консултации во Киев, во вторникот изјави дека 14 месеци чека прием кај Дачиќ и дека односите меѓу Србија и Украина долго време биле во ред, додека Србија не гласала “против Украина”, односно резолуцијата за човековите права во Крим. Според него, ставот дека “Русија ја злоупотребува Србија за да создаде хаос и да предизвика војна на Балканот” и понатаму останува ист.