Даут пашин амам: Ретроспективна изложба на Танас Луловски


Дали празен простор (во музеј, галерија, црква, итн.) може да претставува уметничко дело?“.

Ова сѐ уште актуелно прашање го поставил еден од првите концептуални уметници во македонската дваесет вековна уметност, доајенот Танас Луловски – Тане, кон крајот на 1983 година кога го разработува концептот на проектот „Антислика 79“.

Сега, Националната галерија на Македонија повторно го поставува прашањето на уметникот Луловски и на 20 декември (четврток) ја најавува неговата ретроспективна изложба, во Даут-пашиниот амам.