Грчкото МНР го поздрави преименувањето на аеродромот и автопатот


Грчкото министерство за надворешни работи ја поздрави одлуката на Владата на Република Македонија за преименување на скопскиот аеродром и на автопатот.

-Ја поздравуваме денешната одлука на Владата на поранешна Југословенска Република Македонија да го преименува скопскиот аеродром во “Меѓународен аеродром Скопје” и автопатот кој го поврзува Скопје до грчката граница на “автопат пријателство “.
Денешната одлука е позитивен чекор да се поништи она што се случи во последната деценија и ги обремени односите меѓу двете земји.
Тоа е значаен развој кон третманот на иредентизам и се надеваме дека ќе го одбележи отворањето на ново подглавје во односите меѓу нашите две земји и народи, стои во соопштението на грчкото МНР.

Но, во соопштението не се наведува ништо за изјавата на премиерот Заев дека Македонија е подготвена да прифати географска одредница за името на државата.