Грција ја зголемува цената на патарините


Грција – Сите кои патуваат во Грција од Нова година ќе се соочат со повисоки цени на патарините.

Интернет страницата Грцијаинфо објави дека според новиот начин за пресметување на цените на патарините според километража, од 1 јануари 2019 година во Грција ќе поскапат патарините.

Новиот начин на наплата ја зголемува цената на патарините од 0,03 евра на 0,05 евра по километар за автомобилите. Зголемувањето изнесува од 66 отсто до 150 проценти.

Возачите на патарината на Евзони наместо досегашните 1,80 евра ќе плаќаат три евра, во Солун 0,69 евра, кај Асправалта 1,42 евра, во Кавала 2,36 евра, а меѓу Игуменица и Јанина 3,42 евра наместо досегашните 2,1 евро.