Групата Ај Кју ќе ја претставува Македонија на Евровизија
Групата Ај Кју ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2018 во мај, во Лисабон, Португалија. Тие ќе настапат со песната ,, Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, пренесе Фокус.
Комисијата според правилата, едногласно заклучи дека одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска – информираат од МРТ, која е носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија.
Комисијата е едногласна во ставот дека: одбраната композицијата има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот.