Град Скопје го тргна Ќосето од пред судот (Видео)
Oтстранет е споменикот на Ќосето од тревникот на крстосницата кај Врховниот суд во Скопје.
Споменикот е однесен во магацините на Металски завод Тито. Налогот за негово отстранување го издал градежниот инспекторат на општина Центар по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување.
Споменикот со кама в рака на Андон Јанев-Ќосето, контроверзен лик познат во историјата како ликвидатор на ВМРО, беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014 година како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.
За поставувањето на споменикот од страна на работна група во Министерството за култура беа утврдени бројни законски прекршувања
Спомениците беа поставени во времето на градоначалникот Коце Трајановски.