Го застрелал оти ја раскинал веридбата со ќерка му
Жител на скопското село Арачиново, И.В. вчера на ул „18“ застанал со моторното возило „Фиат Пунто“ кое го управувал и со пиштол испукал проектил кон А.С.(31), кој со возило бил пренесен во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“.
Му биле констатирани тешки телесни повреди (прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот). МВР информира дека причина за настанот, според првичните сознанија, било тоа што А.С. ја раскинал веридбата со ќерката на И.В.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистувањ е на настанот.