Втор концерт на „Хуверфоник“ во Скопје


Белгискиот трип-хоп бенд „Хуверфоник“ по 29 март и на 30 март ќе одржи концерт во Скопје во Македонската филхармонија. Како што соопшти организаторот Авалон продукција, концертот е во рамките на нивната балканска турнеја, и ќе ги опфати и Загреб, Белград и Софија.

„Хуверфоник“ e белгиски бенд основан во 1995 година кој има позади себе осум студиски албуми, како и неколку компилациски изданија. Публиката во Скопје ќе има ексклузивна можност за првпат во живо да ги чуе некои од најголемите хитови кои ја одбележаа кариерата на еден од најголемите трип-хоп бендови на сите времиња како што се легендарната „Mad about you“, „2 Wicky“, „Eden“, „Winegar and salt“ и уште многу други.