Во три пожари гореа помошна просторија, борова шума и трева


Во неделата забележани се три пожари во приватна куќа и два на отворено. Гореле помошна просторија во Скопје, борова шума во Беровско и трева во Кочанско.
Околу 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Киро Фетак 1“ настанал пожар во помошна просторија од куќата сопственост на З.А.(45). Од пожарот опожарена била покуќнината во помошната просторија. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Во 10.50 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Сливница“, атар на село Русиново, беровско, настанал пожар во кој била зафатена букова шума. По преземени мерки било констатирано дека истиот ден околу 10.45 часот на наведеното место, Д.Т.(31) и неговиот брат И.Т.(28), двајцата од село Смојмирово, запалиле оган за скара и поради небрежност огнот се проширил и почнал  да се шири.  Пожарот бил целосно изгаснат во 14.30 часот од екипи од Територијалната противпожарна заштита Берово, ШС „Малешево“. Од извршениот увид било констатирано дека изгореле околу осум хектари сува трева и папрат.

Во 15.30 часот било пријавено дека над село Оризари, кочанско, на место викано „Бели Камења“, при палење на трева во нива од страна на Б.П.(82) од истото село, настанал пожар. Во пожарот настрадал Б.П. кој починал на местото на настанот. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат, а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.