Во пожар изгоре автомобил на семејството на Миле Зечевиќ


Во пожар целосно изгорел автомобил „тојота корола“ паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1. Опожарениот автомобил бил паркиран на улицата пред куќата во која живее Миле Зечевиќ, а возилото е во сопственост на неговата сопруга, пишува МКД.мк

Се претпоставува дека пожарот, кој избувнал утрово околу 3 часот, бил подметнат.

Во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а претходно и шеф на кабинетот на Владо Бучковски, кога овој беше министер за одбрана.