Во ЕУ годишно се случуваат 215.000 сексуални кривични дела


Најголем број сексуални кривични дела се регистрирани во Англија и Велс – 64.500 од кои 38.500 силувања.Евростат објави дека во државите-членки на ЕУ во 2015 година се евидентирани 215 илјади сексуални кривични дела, од кои третина се силувања.Извештајот на Евростат доаѓа во пресрет на утрешниот Меѓународен ден за елиминација на насилствата над жените. Повеќе од 90 отсто од жртвите на силување и над 80 проценти од жртвите на сексуални напади биле девојки или жени, а 99 отсто од осудените за такви дела се мажи.

Најголем број сексуални кривични дела се регистрирани во Англија и Велс – 64.500 од кои 38.500 силувања, потоа во Германија каде имало 34.300 дела од кои 7.000 силувања, Франција со 32.900 дела, вклучувајќи 13 илјади силувања и во Шведска, каде имало 17.300 кривични сексуални дела, од кои 5.500 силувања.

Евростат не ги наведува податоците за сите земји. Во однос на бројот на жители, најголем број се евидентирани во Шведска (178 на 100.000 жители), потоа Шкотска со 163, Северна Ирска со 156, Англија и Велс 113 и Белгија 91 на 100.000 жители.