ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната Влада доцни со реформите


Поминаа 11 месеци, а владата сеуште го нема реализирано планот 3 – 6 – 9, кој според рокот што сами си го зададоа требаше да биде завршен уште во февруари, односно пред 2 месеци. Владата денес призна дека е неспособна и дека и по два месеци доцнење, реализирала само 90% од планот за реформи 3 – 6 – 9, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

“СДСМ покажа слаба способност за реализација на реформите. Нивото на реализација на реформскиот пакет за девет месеци беше само 42%. Напредокот во реализацијата на реформите е постигнат со учеството на ВМРО-ДПМНЕ и поддршката за реформските закони, која ја дадовме заради евроатлантската иднина на државата. ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка на законите, затоа што без наша амандманска интервенција истите ќе беа катастрофални. Сега истите се подобрени”,стои во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, извештајот на ЕУ ќе биде позитивен заради политичкиот моментум, но истиот и јасно ќе покаже колку се потфрлило во реформите, поради неспособноста на власта.