Викенд со пролетни температури, од понеделник дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветар од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 14 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветар од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Под влијание на влажен и постуден бран в понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи значителна промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветар. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.