(Видео) Хорор на ски-терените: Повредени 10-ина лица поради дефект на жичница во Грузија


Десетина повредени е епилогот од дефектот на жичницата во грузискиот ски-центар Гудаури.

На видеото може да се види дека дел од луѓето што се превезуваaт успеваат да скокнат на време, но, за жал, други немаат таква среќа, па се буквално исфрлени од брзината со која се движи жичницата.

Медиумите наведуваат дека Шведска туристка, која е бремена, има повреда на грбот, додека забележани се и неколку скршеници и полесно повредени.

По оние што останале на врвот на планината подоцна пристигнала спасувачка екипа.