(Видео + Фото) Календарот „Пирели“ 2019 ги слави успешните (облечени) жени


САД- Од самите почетоци во 1964 година, прочуениот календар на италијанската компанија за гуми, Пирели, ја славеше еротиката, но годинава новиот Пирели 2019 календар е во знакот на прослава на фотографијата сама по себе.

Изданието за 2019 ги слави успешните жени кои фотографот Алберт Вотсон ги опишува како остварување на сопствените соништа и страсти. Првичната идеја била да се раскаже животот на четири сестри кои живеат на ранч и нивните различни патишта и соништа.

Топ моделот Џиџи Хадид е прикажана како живее сама со дизајнерот Александер Ванг како единствен пријател. Глумицата Џулија Гарнер е претставена како млад фотограф кој ја сака самотијата и природата. Афроамериканката Мисти Копеланд од американскиот балетски театар, е претставена како сонува да стане позната танчерка. Додека моделот и глумица Летиција Каста – живее сама во гарсоњера со „лошо“ момче.

Легендарниот 76-годишен фотограф Вотсон изјавил за Гардијан дека Пирели е познат по тоа што ризикува. Неговата идеја отсекогаш била да ги претстави жените како нешто значајно работат за себе и за својот живот.