(ВИДЕО) „Сам дома“ на битолски начин: Дете фрли кревет од тераса


Дете на возраст од десетина години во Битола фрли од тераса на повеќекатница стар кревет, кој паѓајќи на земја можеше да убие некого. Оваа лудорија некој ја снимил и ја објави вчера на Фејсбук.

На снимката се гледа како дете на терасата влече кревет, го потпира на оградата, а потоа го фрла и се крие зад вратата. Креветот паѓа на земја и, за среќа, никој не е повреден по падот. Иако се слуша силен тресок, од станот не излегува никој.