(ВИДЕО) Пијан маж со украден авион се обиде да ја убие поранешната сопруга


Пилотот од Боцвана, Чарлс Вилон, загина во обид да ја убие поранешната бремена сопруга, која во тој момент била на забава.

Тој е снимен како полетува и лета опасно ниско, неколку минути пред да удри со авионот во клуб во близина на аеродромот „Мациенг“, близу главниот град Габороне.

Зградата, за среќа, била евакуирана неколку минути пред ударот, откако Вилон од авионот му се јавил на еден пријател да праша дали неговата поранешна сопруга Наташа е сѐ уште внатре.

Тој веднаш сфатил дека нешто не е во ред и почнал да вика дека сите мора да излезат.

Според една од жените која била на забавата, разбеснетиот пилот претходно влегол на забавата, се скарал со својата поранешна сопруга и ја удрил, по што бил истеран.