Вест Хем го скрши трансфер рекордот на клубот
Кратко време по доаѓањето во Вест Хем, новиот менаџер Мануел Пелегрини го скрши досегашниот трансфер рекорд со привлекување на Иса Диоп од Тулуз за 25 милиони евра.
Досега, „чеканките“ најмногу платиле за Андре Ају – 24,1 милиони евра.
Дваесет и едно-годишниот централен дефанзивец потпиша договор за пет сезони.
Вест Хем се бореше за Диоп во конкуренција на Евертон и Севиља.
Талентираниот дефанзивец е младински репрезентативец на Франција и помина низ сите други формации на „петлите“, освен за првиот тим.
Иса Диоп е младинец на Тулуз и беше дел од сениорскиот тим во последните три години. Тој успеа да се докаже, па дури и стана капитен на тимот.
Следниот трансфер во Вест Хем речиси сигурно ќе биде поранешниот голман на Арсенал, Лукас Фабијански од Свонси.