Бутрагењо: Јувентус има победнички менталитет, нема да биде лесно


Еден од директорите во Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо, предупреди дека во лицето на Јувентус ги очекува тежок противник во четвртфиналето во Лигата на Шампионите.
Двата клуба се сретнаа за последен пат во Кардиф во финалето на минатогодишното издание на турнирот, кога шпанскиот гигант ја освои својата 12-та титула во турнирот со 4:1. Две сезони порано, „бјанконерите“ го отстранија Реал во полуфиналето на Лигата на шампионите.
– Игравме против нив во финалето минатата година. Се познаваме едни со други совршено. Тие секогаш се опасни. Исто како нас, Јувентус има победнички менталитет и играчи со одлични квалитети. Тоа ќе биде многу изедначен судир. Постојано покажувале на што се способни, ја изрази својата почит кон противникот Емилио Бутрагењо.
Реал Мадрид ќе гостува на „Алијанц“ стадионот на 3-ти април, а реваншот е на 11-ти април на „Сантијаго Бернабеу“, а Бутрагењо тука гледа мала предност.
– Нормално, играњето дома во реваншот може да биде подобро, но против ПСЖ беше спротивното и продолживме понатаму. Најважно е тимот да игра добро и да биде во најдобра форма. Во овој турнир може да платиш скапо за секоја грешка, па затоа треба да внимаваме во сите 180 минути, заврши легендата на „кралскиот клуб“