Бијонсе со модна колекција за Денот на вљубените


САД- Поп-ѕвездата Бијонсе ја претстави нејзината нова модна колекција, овојпат инспирирана од Денот на вљубените. Од маици со лицето на поп-дивата, преку дуксери со нејзиниот лик, па дури и маски за телефон со натпис „Bey Mine“, сето тоа може да се најде во новата колекција на пејачката.

Како и секоја година, некоја од познатите личности претставува модна колекција која го празнува духот на љубовта за 14 февруари, Денот на вљубените. Оваа година на ред беше Бијонсе, која го стави нејзиното лице и име на парчињата, со цел да ги привлече нејзините најголеми фанови.

Ова не е првпат Бијонсе да извади нејзина празнична колекција. Во 2016 година, веднаш по излегувањето на нејзиниот албум „Lemonade“, таа промовираше Божиќна колекција со дуксери на кои пишуваше „I sleigh all day“.