БиХ: Македонец уапсен поради убиство пред 18 години


Македонскиот државјанин Назим Броња (44) е уапсен при влез во Босна и Херцеговина поради убиство извршено пред 18 години. Според тамошните медиуми, нашинецот е приведен кога сакал да влезе во Вишеград преку граничниот премин Увац. Тогаш, надлежните забележале дека против него е распишана потерница. Тој се товари дека во почетокот на 2.000 година, заедно со уште четири лица, со пиштол го убиле Радивое Благиќ поради нерасчистени долгови.