Асанж: Да се утврди дали Саркози е одговорен за смртта на на „крунскиот сведок“


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска изјави дека треба да се проверат тврдењата од 2012 година дека поранешниот француски претседател Никола Саркози е одговорен за смртта на либискиот претседател Муамер ел Гадафи.

Асанж алудира на текст објавен од во британскиот весник „Дејли мајл“, во кој се наведува дека припадник на француската тајна служба, по наредба на тогашниот претседател на Франција, го уби Гадафи.

– Мотивот беше Гадафи да биде отстранет со цел да не биде испитуван поради наводните сомнителни врски со Саркози. Претходно, францускиот претседател го нарече „братски лидер“, а се зборува дека добил милиони од либискиот лидер за да ја финансира својата претседателкс кампања во 2007 година. Со Гадафи беше близок и поранешниот британски премиер Тони Блер и тука стануваше збор за многу пари, беше наведено во текстот на „Дејли мејл“.

Весникот исто така објави и дека британски и француски „воени советници“ биле во Либија за време на превратот, а привремениот премиер на Либија, Махмуд Џибрил изјави дека странски агент бил помеѓу револуционерите, кога беше убиен Гадафи.

– Од почетокот на НАТО офазивата во Либија, што беше поддржана и од власта на Саркози, Гадафи се закануваше дека ќе ги открие сите детали од нивниот однос. Саркози имаше причина да го замолчи Гадафи, што е можно побрзо. Тој беше лоциран така што се следеше неговиот разговор со сирискиот лидер Башар ал Асад, пишуваше тогаш италијанскиот дневен весник „Коријера дела Сера“.

Поради сето тоа Асанж прашува дали поранешниот француски претседател Саркози е одговорен за смртта на „крунскиот сведок“ Муамер ел Гадафи.

Саркози во вторникот и во средата беше на распит во рамки на истрагата за илегално финансирање на неговата предизборна кампања.

Саркози вчера им порача на судиите кои наредија полициска истрага против него, дека обвинувањата оти примал тајни финансиски средства од Либија за својата предизборна кампања во 2007 се лажни, а од неговиот живот направиле „пекол“.

– Тие обвинувања направија пекол од мојот живот од 11 март 2011 година, ја пренесува „Ла Фигаро“ изјавата на 63-годишниот Саркози.

Обвинителите ги разгледуваат наводите дека предизборниот штаб на Саркози во 2007 година примил финансиска помош во износ од милиони евра од Гадафи.

„Ла Фигаро“ наведува дека Саркози тврди оти е жртва на дестабилизирачка кампања, покрената во март 2011 година, заснована врз обвинувања од Триполи.

Саркози е обвинет за „пасивна корупција, илегално финансирање изборна кампања и влијание врз либиските јавни средства“, објавија француски медиуми, повикувајќи се на свои извори.