Апелација ја укина пресудата против Богоевски за клевета на Ахмети и Џафери
Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата по тужбата за клевета и навреда против ексразузнавачот Слободан Богоевски, која ја поднесоа Али Ахмети и Муса Џафери, дознава „Макфакс“.
Судиите од второстепениот суд предметот со насоки за натамошно постапување го вратиле на повторно судење. Тоа значи дека првите луѓе на ДУИ од почеток во граѓанскиот суд во Скопје ќе мора да докажуваат дека Слободан Богоевски ги наклеветил и дека со тоа им нанел штета на честа и угледот.
Според информациите до кои дојде „Макфакс“, апелационите судии утврдиле дека првостепениот суд сторил серија повреди на постапката.