Анџелина Џоли со двете ќерки сними фотосесија за магазинот „Ел“ (ФОТО)


Познатата холивудска актерка Анџелина Џоли заедно со двете ќерки Шајло и Вивиен сними фотосесија за мартовското издание на магазинот „Ел“.

По повод соработката со магазинот, Џоли открила на кој начин се обидува да ги воспитува своите деца.

Актерката изјавила, „На моите ќерки им кажувам:  Она што ве издвојува е она што вие сте склони да го направите за другите. Секој може да облече фустан и да се нашминка. Вас ве дефинира вашиот ум. Дознајте кои сте, што мислите и за што се залагате. Борете се за другите да ги имаат истите тие слободи. Размислувам за тоа колку многу жените се бореле за да нè доведат токму каде што сме денес. Сè е важно, од начинот на кој се претставуваш себеси во секојдневниот живот и се едуцираш за сопствените права, до солидарноста со другите жени ширум светот“.