Анѓушев: БДП годинава над три отсто


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека годинава може да се достигне планираниот раст на БДП од 3,2 отсто.

Оптимизмот, како што истакна во одговор на новинарско прашње на денешната прес-конфереција во Владата, го темели на фактот што веќе почнаа да растат платите, индустријата е во подем, а од вториот квартал на годинава треба да почне и реализацијата на капиталните проекти.

– Три се основни генератори на БДП во секоја земја, па и во нашата. Тоа се зголемувањето на јавната потрошувачка, индустријата и капиталните инвестиции…. Платата веќе расте, а со тоа расте и јавната потрошувачка, а со зголемување на бројот на вработени ќе расте уште повеќе. Втор генератор е индустријата која во овој период расте и бројките се многу охрабрувачки, а очекуваме со Планот за економски раст уште да порасне. Во моментов можеби недостасува побрза имплементација на капиталните проект, но како Влада се одлучивме прво да се подготват како што треба за да нема проблеми во имплементацијата, а потоа да ги имплементираме најдомаќински што може, изјави Анѓушев.

Најави дека од вториот квартал годинава ќе следи интензивирање на капиталните проекти.