Анкета: На Меркел најмногу и веруваат, Путин пред Трамп


Луѓето во светот најмногу доверба имаат во германската канцеларка Ангела Меркел, а  во рускиот претседател Владимир Путин имаат повеќе доверба отколку во неговиот американски колега Доналд Трамп.

Тоа се резулта од анкета на Истражувачкиот центар „Пју“ со седиште во Вашингтон.

Во анкетата учествувале 26.112 испитаници од 25 држави.

Триесет отсто анкетирани веруваат дека Путин добро работи, што се однесува за светските прашања, а 34 отсто од нив имаат доверба во кинескиот лидер Си Џинпинг.

Дека Трамп добро работи сметаат 27 отсто анкетирани.

Во Меркел, според анкетата, доверба имаат 52 отсто анектирани. По неа следува францускиот претседател Емануел Макрон – 46 отсто.