Андреас Елснер заминува од Телеком


Андреас Елснер, главниот извршен директор и член на Одборот на директори на Македонски Телеком на 1 јули годинава заминува од компанијата, соопшти Македонски Телеком.

На позицијата главен извршен директор на компанијата Елснер беше назначен во мај 2017 година, а заминува од компанијата со успешни резултати во првото тромесечје од 2018 година и со раст од 2,6 отсто во однос на минатата година.

Елснер дојде во Македонија во 2014 година како одговорен на Секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство, а набрзо потоа, во 2015 година станува Главен оперативен директор за приватни корисници со клучна улога во развојот и спроведувањето на стратегијата за конвергентни решенија и услуги, којашто беше вистински предизвик на пазарот, се вели во соопштението на Телеком.