Американски шпионски сателит лансиран во орбитата


САД– Ракетата „Делта 4 Хеви“ со американски шпионски сателит вчера е лансирана од Калифорнија.

Ракетата беше лансирана од воздухопловната база Ванденберг.

Лансирањето минатата година беше одложувано повеќепати од различни причини, меѓу кои истекување на хидроген, силни ветрови и проблеми со опремата за комуникација на Земјата.