Амбасада на Франција: „Нон пејпер“ не е конечен документ, заклучоците ќе ги проучи Советот на 26 јуни


Амбасадата на Франција со став дека, заклучоците за Македонија изнесени во „ нон пејперот“ не се конечни,  и дека ставот на Франција ќе биде дефинитивно утврден во договор со нејзините европски партнери, откако предлозите за отпочнување на преговорите од страна на Комисијата содржани во извештајот за Македонија и за Албанија ќе бидат проучени од страна на Советот (општи работи) на 26 јуни а потоа за нив ќе одлучи Европскиот Совет во текот на истиот месец.

Ова е одговорот од Амбасадата на Франција што го побара Макфакс за да се појасни ставот на оваа земја членка на ЕУ, во врска со позицијата на Македонија за преговорите за влез во Европската Унија.