Ало докторе: Османи од клиника со дијагноза за планот 3-6-9
Вицепремиерот Бујар Османи објави видео на социјалните мрежи со кое се пофали дека конечно отворил профил и на истаграм.
„Подобро никогаш отколку некогаш“, пишува Османи во постот за видеото каде што тој облечен во лекарска униформа и, веројатно, од својата ординација во Клиничкиот центар зборува за евроинтеграциите на Македонија и за планот 3-6-9.
Османи, коj е специјалист по општа хирургија во Клиничкиот центар во Скопје, беше едно време министер за здравство во првата влада ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.