„Александар Велики“ си заминува од аеродромот
Почна отстранувањето на буквите на зградата на терминалот на доскорешниот аередром „Александар Велики“.
Од операторот на аеродромот турскиот конзорциум ТАВ нема информации што ќе стои на местото на досегашните букви, ниту пак дали ќе се отстранува и споменикот на Александар што стои во одделот за пристигнување на патници.
Владата на 4 февруари донесе одлука да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики. Новото име ќе биде Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport). Се менува и името на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.
Фото: Борис Грданоски