Алегри: Стануваме се подобри, време е да го победиме Реал


Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри ги сподели своите ставови за четвртфиналето во Лигата на шампионите, кој определи неговиот тим да се соочи со Реал Мадрид.
За последен двата тима се сретнаа во финалето во минатогодишното издание на турнирот, откако „кралевите“ постигнаа убедлив успех со 4:1.
– Очекувам два прекрасни натпревари со Реал. Ако играме добро, ќе продолжиме напред. Ако не, ќе си одиме дома. Работиме напорно за да стигнеме до слични средби. Ја победивме Барселона во четвртфиналето минатата сезона, па можеби сега е ред да победиме против Реал, изјави тренерот на „Старата дама“.
Тој смета дека тимот израснал на физички и психички план, но и дека треба да се подготви уште подобро.
– Стануваме подобри во завршната фаза на натпреварите, разбираме како да напаѓаме и да се браниме. Тоа ќе биде многу важно кон крајот на сезоната, додаде Италијанецот.