Албанската полиција откри група од 50 нелегални мигранти
Албанската полиција кај Билишта и Врник, откри поголема група нелегални мигранти,меѓу кои и жени и деца.
Групата ја сочинуваат 50 лица од Сирија,Палестина и Иран,кои границата ја минале илегално во близина на преминот Капштица, кај Корча.
Нивната цел била само транзит да ја минат албанската територија и преку Црна Гора да го продолжат патот кон некоја од западноевропските земји.
Мигрантите од блискоисточните земји, грчко-албанската граница ја минуваат главно илегално преку зелениот појас,по што за да стигнат до северниот град Скадар,кој е во близина на албанско-црногорската граница, наплатуваат од од 500 до илјада евра, додека доколку сакаат да заминат во правец на Италија и до од 2000 евра по човек.
Полициската статистика потврдува дека во изминатиот период од годинава, откриени се околу четири илјади нелегални имигранти, главно од Сирија, Ирак, Авганистан и северна Африка.
Откако даваат изјави во Управата за граница и миграција,тие се транспортират во Центарот за азил во Бабру, кај Тирана а дел се враќаат назад во Грција.
Сепак не е мал бројот на оние кои сепак успеале да го продолажат патот до посакуваната дестинација.
Поради зачестените обиди за влез на нелегални имигранти албанската гранична полиција,од пролетта,кога зачестија групите нелегални мигранти, ги зајакна конторлите долж границата со Грција.