Автобусот на „Дурмо турс“ се движел пребрзо, со 100 км/ч, изгубил контрола
Несоодветната брзина и нецелосното функционирање на сопирачките се причина за несреќата што се случи кај Ласкарци, на 13 февруари, во која загинаа 15 лица.
Истрагата на Јавното обвинителство утврдила дека автобусот се движел со брзина од 100 км/ч и изгубил контрола. Возачот немал здравствени проблеми.
Приведени де шест лица, меѓу кои и возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ и за сите нив обвинителството ќе бара притвор.(Ф.Ф.С.)