Џорџ Буш му додели признание: Боно со прв медал за хуманитарната работа

САД- На рок-ѕвездата Боно, фронтменот на групата „U2“, му беше доделен првиот од она што претседателскиот центар на Џорџ В. Буш има намера да биде годишен медал за поединци кои на некој начин успеале да го сменат светот.

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го додели медалот „Џорџ В. Буш за исклучително лидерство“ и тоа е признание за хуманитарна работа на Боно против сиромаштијата и болести што може да се спречат, како што е ХИВ/СИДА.

Во видео-пренос, Боно го пофали Буш, како и Конгресот и американските даночни обврзници за напредокот направен против СИДА-та во ранливите население. Но, тој рече дека борбата се соочува со неизвесна иднина. Пејачот истакна дека постојат проблеми со администрацијата на Трамп „која зборува за повлекување од оваа борба“.

Боно рече дека Американците мора да бидат „многу тврдоглави“ во расправата кога се работи за спасување животи.