Ја нападнал невенчаната сопруга, па го пронашле мртов
Четириесетгодишен жител на Радовиш е пронајден мртов вчера околу 14 часот во атарот на селото Раклиш. Го пронашол случаен минувал, кој настанот веднаш го пријавил во полиција. Телото на Ш.Х. е предадено за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.
Само еден ден претходно, како што соопшти полицијата, Ш.Х. бил пријавен за физички напад врз невенчаната сопруга. Имено, во вторникот околу 20.20 часот во полициската станица во Радовиш било алармирано дека во тамошната болница е донесена И.Д. (63), кај која биле констатирани тешки телесни повреди, поради што е пренесена на скопските клиники.
„По преземени мерки, било утврдено дека околу 20 часот, во куќата на И.Д. на улица ‘Калаузлиска’, дошол Ш.Х. со кого претходно живеела во вонбрачна заедница. По претходна вербална расправија, Ш.Х физички ја нападнал и со секира и нанел повреди, по што го напуштил местото на настанот“, информираат од полицијата.
Истрагата е во тек.