Што предвидуваат ѕвездите за четврток?

ОВЕН:
Сонце во конјункција со Меркур во Водолија и работите добиваат брза динамика, особено во емоционалната сфера и пријателствата. Сега инсистирате на независност и имате голема храброст да се обидете со нешто ново, верувајќи во својата среќна ѕвезда. Правете баланс на приватен и на професионален план. Успех.

БИК:
Можеби небото решило да го потопи светот, но ништо не може да ја наруши вашата весела предиспозиција. Ова е магичен ден со многу поволни можности и се чини дека ниедно облаче нема да ви го растури расположението. Средба со интересна личност, на која ќе го испробате својот раскошен шарм. Бидете безгрижни!

БЛИЗНАЦИ:
Имате чувство дека ги гледате старите кулиси и како ништо да не е променето. Сепак, погледнете околу себе намалувајќи ја импулсивноста и бидете топли кон најблиските. Можеби минуваат низ значајни промени и потребно им е трпение. Вашите пријатели гледаат светло на надеж во вас и ова расположение се пренесува и на работа.

РАК:
Срцето ви чука во необичен ритам и романтичните очекувања растат како печурки после дожд. Планетарната ситуација укажува дека блиските ќе направат сè што можат да ви се доближат уште повеќе, така што и вие ќе посакате да им вратите со добро и им исполните некоја желба. Дејствувате со редок шарм сега.

ЛАВ:
Планетите во Стрелец го нагласуваат ентузијазмот и ова е прекрасен ден за друштвени случки, како и средби со забавен карактер. Секако, тука е и моментот за љубовни средби и серенади под Месечината, но не брзајте правејќи нагли одлуки, но потпрете се на веќе постоечките врски. Љубов и романса.

ДЕВИЦА:

Месечината во Стрелец бара од вас да се повлечете на кратко, но тоа не значи да се повлекувате размислувајќи дека сте губитник, туку да се прегрупирате и да соберете сила. Нема потреба за плачење, ова е време на мудрост и за интроспекција. Искористете ја самотијата за да ги коригирате старите шеми на однесување.

ВАГА:
Како да сте на рингишпил пријатели, толку се радувате на убавите влијанија на планетите од Водолија! Чувствувате дека сте сакани и тоа многу, а тоа ви ја враќа потребната самодоверба. Сатурн во Јарец укажува дека имате пријатели од детството на кои што може да се потпрете со голема зрелост. Сетете се дека не сте сами!

СКОРПИЈА:
Можеби на вашето небо се облаци со дожд, но тоа е природата не нештата и сега ќе треба да ја кротите импулсивноста. Планетите во Овен бараат да дејствувате, но немате јасна претстава за тоа што треба да се направи: ви фали имагинација и затоа не се справувате со динамичните влијанија. Нагли промени.

СТРЕЛЕЦ:
Денес вам ви е сеедно: дали има дожд или не, работите се чинат малку мрачни и предизвикувачки. Емоционалната сила е во пад и можеби сте тажни, но ова е време да погледнете низ нова призма и дојдете до нови решенија. На професионален план се одвива нешто што е нездраво, а тоа ви смета како трн во окото. Внимавајте.

ЈАРЕЦ:
Ако досега бевте тажни или со чувство на празнина, денес секстилот меѓу Сатурн и Нептун ја враќа вашата духовна сила: добро ги контролирате своите импулси и успевате да се издигнете над искушенијата со неверојатна сила и моќ. Како вешт магионичар кој што има тајни формули да го скрши отпорот – внатре и надвор од себе.

ВОДОЛИЈА:
Сонце конјункција Меркур и вие имате нова инспирација. Добро, можеби не е време за непосредно дејствување, се чини дека некои пријателства се рушат самите од себе и се појавуваат проблеми еден по друг. Марс од Овен ве повикува на храброст: покажете се во најдобро светло и покрај тешкотиите. Достоинство.

РИБИ:
Венера во Стрелец го оддава вашиот необичен шарм: ова е атмосфера полна со љубезност и комплетна хармонија. Прекрасен ден во кој ќе ја покажете својата компетентност, а поради што ќе добиете признанија од пријателите. Следете го своето срце сега и не трошете време на ситничарење. Ден за убави разговори.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com