Седми протест по ред почнаа денеска во Франција „Жолтите елеци“ кои се незадоволни со социјалната и фискална политика на претседателот Емануел Макрон, но на улици излегоа мал број луѓе
Протестното движење што почна пред 1,5 месец значително ослабна – на 22 ноември имаше 38.600 демонстранти, една недела претходно 66.000, а на првите протести – 282.000, покажуваат цифри објавени од владата.
Дел од претставниците на тоа движење кое почна без какви било политички и синдикални рамки, сметаат дека ослабувањето е поврзано со Божик и Нова Година и најавуваат остро продолжување во јануари и покрај владините отстапки.
Во Марсеј имаше 900 демонстстранти. Во Париз немаше денеска до пладне нету една група демонстранти. Протести се предвидени во Бордо, Тулуз и во Лион.