(ФОТО) Детали од убиството: Разбојниците ги застрелал сопственикот на менувачницата


Две лица се убиени попладнево во општина Кисела Вода при обид за грабеж на менувачницата „Македонија“ во близина на споменикот на Тодор Александров, јави репортерот на Независен.мк од терен, а полицијата ги потврди информациите.

Според полицијата, двајца разбојници чии идентитети сè уште не се познати вооружени и маскирани влегле во менувачницата со цел да ја ограбат. Тие со закани и удари од пиштолите му се заканиле на сопственикот со иницијали Г.А (58) да им ги даде парите.

Во тој момент Г.А. извадил пиштол, кој го поседувал со дозвола и пукал кон двете вооружени лица.

Инцидентот бил пријавен во 16.35 часот во Единицата за известување и команда. Полициски екипи од СВР Скопје веднаш по дојавата излегле на местото на настанот каде што во присуство и надлежност на дежурен јавен обвинител е започнат увид.

Од МВР соопштија дека СВР Скопје во соработка и координација со дежурен јавен обвинител работи на расчистување на случајот и по неговото целосно документирање јавноста ќе биде информирана.

Г.А.