Уште една оставка во Академијата за Нобелова награда поради сексуална злоупотреба
Шведската академија за доделување на Нобеловата награда за литература соопшти дека првата жена постојан секретар на академијата, Сара Даниус и официјално поднела оставка поради скандалот за сексуална злоупотреба кој го потресе тоа тело.
Шведската академија наведе дека Даниус поднела оставка по една година откако најави дека ќе се повлече од 18-ќленовот тело.
Таа е втора жена која поднесе оставка во организацијата.
Претходно и Катарина Фростенсон, сопругата на Жан-Клод Арно, кој е осуден на две години затвор поради две силувања во 2011 година, ја напушти академијата пред еден месец.
Заради тој скандал, осум ленови на организацијата веќе ја напуштија или се дистанцираа од академијата.
Арно, наводно, и седум пати го открил името на добитниците на Нобеловата награда за литература, пренесе АП.
Поради ова, доделувањето на Нобеловата награда за литература во 2018 година беше одложено за оваа година.
Поради ова, доделувањето на Нобеловата награда за литература во 2018 година беше одложено за оваа година.