Укината пресудата за бегалецот Горан Грујевски за „Тврдина 2“
Апелациониот суд ја укина пресудата на Кривичниот суд со која поранешниот разузнавач Горан Грујевски беше осуден на една и пол година затвор за случајот „Тврдина 2“, потврдуваат од Апелациониот суд.
Судот констатирал неправилности во постапката и сега случајот ќе се врати на повторно судење во првостепениот суд.